Екологија

 Екологија

Екологијата е научна дисциплина која ги изучува заемните односи на живите организми и нивната интеракција со животната средина.[1] Темите на интерес на еколозите вклучуваат изучување на составот, поделбата, количината (биомасата), бројот, состојбите на промена во организмите во рамки на екосистемите и помеѓу нив. Екосистемите се составени од делови кои динамично си дејствуваат и ги вклучуваат организмите, заедниците кои тие ги формираат и неживите компоненти на нивната животна средина. Процесите на екосистемите како што се првичната продукцијапедогенезациклусот на хранливите материи и разновидни активности кои вклучуваат создавање на нишите, го регулираат протекот на енергија и материја во животната средина. Овие процеси се одржани од биолошката разновидност. Биоразновидноста се однесува на разновидноста на видовите во екосистемите, генетските варијации помеѓу нив и процесите кои се функционално збогатени од разновидноста на еколошките заемодејства.


Екологијата е интердисциплинарна област која во себе ја вклучува биологијата и науката за Земјата. Терминот “екологија” ("Ökologie") за првпат е воведен во 1866 година од германскиот научник Ернст Хекел (1834г. - 1919г.). Старите грчки филозофи како Хипократ и Аристотел ги поставиле темелите на екологијата како дисциплина во нивните истражувања за историјата на природата. Кон крајот на 19 век екологијата преминува во сериозна научна дисциплина. Еволутивните концепти за адаптација и природна селекција станале темели на модерната еколошка теорија. Екологијата не е синоним со животната средина, природозаштитата, историјата на природата или со науката за животната средина. Повеќе може да се поврзе со еволутивната биологијагенетиката и етологијата. Разбирањето на меѓусебните заемодејства на биолошката разновидност и еколошките функции е значаен фокус на интерес во еколошките проучувања. Еколозите се трудат да ги објаснат:

  • Животните процеси и адаптации
  • Распространетоста и бројноста на организмите
  • Движењето на материите и енергијата во заедниците
  • Сукцесивниот развој на екосистемите и
  • Изобилството и поделбата на биоразновидноста во контекст на животната средина.

Екологијата е исто така и наука за човекот. Практичната примена на екологијата е во заштита и зачувување, управувањето со водите и водните станишта, управувањето со природните ресурси (агроекологијаземјоделствошумарствоагрошумарстворибарство), просторно планирање (урбана екологија), здравствотоекономијата, основната и применетата наука и социјалната комуникација на луѓето (антропогена екологија). Екосистемите одржуваат биофизички реакциони (фидбек) механизми со кои ги прилагодуваат метаболичките стапки и еволутивните динамики помеѓу живите (биотски) и неживите (абиотски) компоненти на планетата. Екосистемите одржуваат функции за поддржување на животот и произведуваат природен капитал преку регулацијата на континенталната клима, глобалните биогеохемиски циклусифилтрацијата на водатапочвитехраната, влакната, лековите, контрола на ерозијата и многу други природни одлики на научната, историската, економската или суштинската вредност.


 
















Comments

Post a Comment

Popular posts from this blog

Олимписки факел и Олимписки игри - Париз 2024

Дигитален отпечаток